Васоски се повлече од кормилото на Вардар, стратегот ја објасни својата одлука

by
1 минути читање

Александар Васоски повеќе не е тренер на Вардар, популарниот Тетовче со објава на социјалните мрежи соопшти дека се повелекува од кормилото на „црвено-црните“.

Одлуката е изненадување за навивачите, а стратегот се правда дека морал да се реши на еден ваков чекор откако не биле исполнети одредени ветувања.

„Ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот, се надевав дека ситуацијата ќе се подобри, но очигледно нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Не можам повеќе да го носам теретот на таквото функционирање, па се повлекувам од тренерското место во Вардар. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“ – се вели во дел од пораката.

Тој исто така се заблагодари до в.д раководството од Комити, кои одвојувале и свои средства за да помогнат клубот да функционира.  

Благодарност испрати и до навивачите, вработените во клубот и најмногу до фудбалерите, кои вложувале натчовечки напори за да се постигнат позитивни резултати.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×