Серијата слаби
партии ја турна Барселона во криза, чудни работи се случуваат на Камп Ноу.
Синоќа се
пишуваше дека претседателот Жоан Лапорта кога видел кои играчи добиле повик за
гостувањето кај Антверп, веднаш му се јавил на Чави и побарал дополнително да
ги вметне Роберт Левандовски, Илкај Гундоган и Роналд Араухо.
Роберт Левандовски
беше стартер, Илкај Гундоган влезе од клупата во второто полувреме, но и покрај
тоа, „каталонците“ на крајот загубија со 3-2.
Медиумите сега
шпекулираат за нова тензија, помеѓу Деко и Френки Де Јонг, кој го пропушти
натпреварот поради болест.
Спортскиот
директор му се јавил на Холанѓанецот и побарал објаснување зошто нема да патува
во Белгија, не верувал дека има висока температура.
Френки Де Јонг му
објаснил дека е настинат, но Деко не бил убеден, па побарал да види извештај од
доктор дека навистина е болен.
Има и друга
страна на приказната, Деко му се јавил на Френки Де Јонг, но не да го
прекори, едноставно да се распраша како е, разговорот бил пријателски.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.