Мејсон Гринвуд
беше ослободен од обвинувањата за силување и сексуален напад поради немање
доволно докази, но навивачите, спонзорите и добар дел од вработените го кренаа
гласот против младиот напаѓач, па Манчестер јунајтед одлучи дека Англичанецот
нема иднина на Олд Трафорд, и во последните денови од летниот преден рок го
испрати на позајмица во Хетафе.
Тој одлично се
снаоѓа во Ла Лига, до овој момент има четири погодоци и три асистенции зад своето
име, па привлекува голем интерес.
Последните
информации велат дека Барселона праќа скаути да ги следат игрите на Мејсон
Гринвуд, а неговото име се наоѓа и во бележникот на уште еден гигант, односно
Атлетико Мадрид внимателно ги следи неговите настапи.
Валенсија и Реал
Сосиедад претходно се споменуваа како клубови кои исто така го меркаат
Англичанецот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.