Зидан сака да му се врати на фудбалот, два клуба му се приоритет

by
1 минути читање

Популарниот Зизу
е без ангажман од 2021 година кога го напушти кормилото на Реал Мадрид.

Изминатиов период
често се шпекулираше за неговиот следен ангажман, едно време беше најавуван
како нов селектор на Франција, а потоа беше споменуван и како директор во
Марсеј доколку клубот биде превземен од инвеститори од Саудиска Арабија.

Како што сега
пренесува Ле10Спорт, Зинендин Зидан се подготвува за враќање на фудбалот, и
како примамливи опции му се клупите на Реал Мадрид и Јувентус.

Останува да се
види дали ќе му се исполни желбата, во моментов и двата клуба имаат квалитетни
имиња како тренери во Карло Анчелоти и Макс Алегри, но има многу прашалници за
долгорочната иднина на двајцата стратези, и дали тие ќе продолжат во сезоната 2024/25.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×