Манчестер јунајтед почнува да мерка замена за Ерик тен Хаг, прв избор им и шпански стратег

by
1 минути читање

Изминатиов
викенд, „ѓаволите“ беа понижени на Олд Трафорд и со 0-3 загубија од Борнмут.

Синоќа им се
случи ново разочарување, загубија дома од Баерн Минхен и беа елиминирани во Лигата на шампиони и Европа, притоа испишаа негативен рекорд и станаа првиот
клуб од Англија кој примил 15 погодоци во групната фаза од најелитното
натпреварување под капата на УЕФА.

Па се повеќе се
говори за отказ на Ерик тен Хаг, кој е критикуван за изборот на засилувања,
стилот на игра и третманот кон одредени ѕвезди во тимот – пред се Џејдон Санчо.

Се шпекулира дека
Манчестер јунајтед почнува да мерка замени за Холанѓанецот и прв избор им е
Хулен Лопетеги. Шпанскиот стратег е на врвот на листата со желби поради работата во Вулверхемтон, неговото
познавање на англискиот јазик и Премиерлигата, како и искуството во европските
натпреварувања.

Бордот на
директори на Манчестер јунајтед исто така бил импресиониран од квалитетниот
однос на Хулен Лопетеги со неколку сегашни фудбалери на „ѓаволите“, како
Касемиро, Варан и Серхио Регулон, како и односот со Давид де Хеа, кој би можел
да се врати.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×