796
Испадот на Коџа ја шокираше турската но и светската фудбалска јавност. Претседателот на Анкарагучу се симна на теренот и го тепаше судијата кој заврши во болница со повреди.
„Ѝ се извинувам на турската судиска заедница, на спортската јавност, на цела Турција и на судијата Мелер и неговото семејство. Не е важно како и зошто дојде до ова, ништо не може да го оправда насилството што го демонстрирав“, изјави, меѓу другото, Коџа.
По инцидентот Коџа беше уапсен, а судијата Халил Мелер изјави дека ја завршува кариерата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.