Претседателот на
Анкарагучу, Фарук Коца креираше голем инцидент, по крајот на натпреварот против
Ризеспор, се симна на теренот и го нокаутираше судијата Халил Умут Мелер, кој
потоа беше удрен уште неколку пати додека лежеше на тревата.
Фудбалот во
Турција привремено е суспендиран, Фарук Коца заврши зад решетки, а Халил Умут
Мелер е во болница, каде добро се опоравува.
Медиумите сега
пренесуваат изјава од таткото на Халил Умут Мелер, кој раскажа како ја доживеал
срамната сцена.
„Го гледав
натпреварот во живо на ТВ. Кога видов како го удираат мојот син, срце ме
здоболе. Го почувствував она што го чувствува секој татко. Срце ми се кинеше. Болката
од ударите по мојот син ги осетив во срцето“ – вели Булент Мелер.
„Го посетив во
болница, добар е. Утре ќе биде пуштен и ќе дојде во Измир, тогаш ќе разговараме
детално, очи в очи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.