Жирона е
најпријатното изненадување во Ла Лига оваа сезона, момците на Мичел се на врвот
на табелата, а добрите партии беа потврдени и изминатиов викенд, кога за прв пат
во својата историја ја совладаа Барселона, и со 2-4 го изненадија далеку
попознатиот клуб од Каталонија.
Иако никој не
сака да спомне борба за титула, очигледно во Жирона имаат високи амбиции во продолжението
од сезоната.
Како што
пренесува новинарот Фабрицио Романо, „бело-црвените“ се распрашувале за ангажман
на Дони ван де Бек од Манчестер јунајтед.
Жирона сака да го
донесе Холанѓанецот на позајмица, но конкуренцијата е голема и во моментов
Ајтрахт Франкфурт ја предводи битката за потписот на фудбалерот од средниот
ред.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.