Фудбал во Турција
нема да се игра во следниот период, причина е синоќешниот срамен инцидент на
натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризеспор, кога претседателот на домашниот тим
се симна на теренот и му удри бокс на судијата Халил Умут Мелер.
Судиите веднаш го
кренаа гласот, реагираше и Фудбалската федерација на Турција, па падна одлука фудбалот
да биде суспендиран на неодредено време.
Во меѓувреме,
претседателот на Анкарагучу, Фарук Коца е уапсен, и медиумите веќе брифираат за
неговата изјава пред обвинител.
„Инцидентот се
случи поради погрешните одлуки на судијата и неговото провокативно однесување.
Мојата цел беше да реагирам вербално, да го плукнам во лице, но ги загубив
нервите и го удрив. Сепак, мојот удар не беше толку силен за да му нанесам
фрактура“ – е дел од објаснувањето на Фарук Коца.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.