Ендрик важи за еден од најголемите таленти во Бразил и светот, младиот напаѓач веќе има договорено трансфер во Реал вреден 60 милиони евра, и се чека само тој да наполни 18 години за да се персели во Мадрид.
Во разговор со Гардијан, неговиот татко сега открива дека практично се било договорено за трансфер во Челси, но Тод Боли во последен момент ставил рампа.
Новиот газда на Челси, кој потроши 1 милијарда фунти во три преодни рока, сметал дека 60 милиони евра за 16 годишно момче се многу, и на тој начин ќе ги „надувал цените“ на трансфер пазарот.
„Да бидам искрен, мене не ми се допаѓа ладното време, но им се допаѓа на сопругата и на Ендрик. Ендрик обожава да игра на дожд“ – вели Даглас, таткото на Ендрик.
„Добивме покана од Челси, од сопственикот, отпатувавме во Лондон да го разгледаме тренинг центарот и објектите на клубот. Го гледавме натпреварот помеѓу Челси и Арсенал, се сретнавме со тренерот, со Жоржињо, Аспиликуета и Тијаго Силва“.
„Ни објаснија се, не запознаа со личност која ќе треба да ни помогне во прилагодувањето на новата средина. Ни ја покажаа куќата во која ќе живееме, школото во кое ќе оди Ендрик, црквата која ќе ја посетуваме. Сите коцки се поклопија со Челси“.
„Не можам да кажам дека беше 100% бидејќи ги немав потпишано документите, но постигнавме договор. Веќе во мислите имав дека ќе треба да живеам во Лондон на ладното време. Но вечерта, ни се јави агентот и ни кажа дека сопственикот на Челси се откажал од зделката бидејќи сумата која требале да ја платат ќе ги „надувала цените“ на трансфер пазарот. Се работеше за 60 милиони евра за 16 годишно момче кое требаше да пристигне две години подоцна“.
Само неколку месеци подоцна, Тод Боли го сруши трансфер рекордот во Премиерлигата, Челси плати околу 120 милиони евра за Енцо Фернандез од Бенфика.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.