Сантош реши во втора лига да не го користи бројот 10 на Пеле, Нејмар веднаш испратил специјално барање

by
1 минути читање

Нејмар размислува да се врати во Сантош, барем ова го навестил со специјалното барање до својот поранешен клуб.

Марсело Тешеира изминатив викенд беше избран за нов претседател, и една од неговите први одлуки е да не се користи дресот со број 10 на Пеле додека клубот игра во втора лига.

Кратко по неговата бомбастична изјава, претседателот на Сантош добил повик од Нејмар и барање никој да не го носи дресот со број 11 се додека тој не се врати.

„Ми се јави Нејмар и ми рече, „Претседателе, веќе го повлековте дресот со број 10 додека да се вратите во прва лига, па повлечете го и дресот со број 11 додека јас да се вратам“. Па ова ме прави среќен, ми дава надеж“ – вели Марсело Тешеира.

„Па, што поскоро да се вратиме во прва лига, и што поскоро да се врати Нејмар“.

„Пеле повеќе не може да го носи дресот со број 10, овој број ќе го добие некоја наша нова ѕвезда кога ќе се вратиме во елитата“.

„Бројот 11 пак ќе ја чека нашата ѕвезда да се врати“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани