Смеат ли Жирона и Манчестер Сити истовремено да играат во ЛШ?

by
1 минути читање

Како одминуваат колата, а Жирона не паѓа од врвот, почнува да се поставува прашањето дали тие и Манчестер Сити можат истовремено да играат во Лигата на шампионите.

Жирона и Манчестер Сити имаат исти сопственици. Шпанскиот клуб стана член на Сити Фудбал Групацијата во 2017 година. 

Тогаш газдите на Манчестер Сити направија промени во раководството на клубот и дадоа финансиска инјекција.

УЕФА има правило кое спречува два клуба со исти сопственици да играат во исто натпреварување. Но, секогаш се наоѓа начин тие правила да се заобиколат.

Кога се во прашање Жирона и Манчестер Сити, постои правна можност тоа да се заобиколи. Имено, Сити Групацијата нема доминантна сопственост во Жирона, туку таа поседува 47 проценти од клубот.

Проблем може да биде тоа што претседател на клубот е Пере Гвардиола, братот на Пеп Гвардиола. Според правилата, за Жирона да заигра во ЛШ, потребно е сите членови на управата кои се поврзани со Сити да отстапат од своите функции со цел да се покаже дека меѓу двата клуба нема интензивна соработка.

Во минатото правилото за заедничка сопственост постојано се заобиколуваше. Лајпциг и Салцбург без проблеми играа заедно во Лигата на шампионите, а пред три години таков случај беа и Милан и Лил во Европската лига. УЕФА при овие случаи правеше контрола, но правно тие најдоа начин како да ги заобиколат правилата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×