ГДС го најави првото засилување за Јувентус во јануари, подарок од Гвардиола (ФОТО)

by
1 минути читање

„Старата дама“
планира да ангажира фудбалер од средниот ред во зимскиот преоден рок, Макс
Алегри остана краток на оваа позиција поради суспензиите на Николо Фаџоли и Пол
Погба, кои имат проблеми со обложување, односно допинг.

Денешното издание
на Газета дело Спорт најави преселба на Калвин Филипс во Торино, весникот го
смести Англичанецот во „бело-црн“ дрес на својата насловна страна.

Според ГДС,
Калвин Филипс ќе биде подарок од Пеп Гвардиола, поради тоа што стратегот не
смета сериозно на играчот, а и поради тоа што преферира да го испрати во
Јувентус, наместо во ривал од Премиерлигата.

Се говори дека во
следните денови ќе има состанок помеѓу двата клуба на кој треба да се постават
темели за реализирање на зделката.

Јувентус сака да
го добие Калвин Филипс на позајмица до крајот на сезоната, со опција за
перманентен трансфер. „Старата дама“ исто така преферира Манчестер Сити да
покрие дел од платата на играчот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×