Жирона е
најпријатното изненадување во Ла Лига оваа сезона, малиот клуб од Каталонија
синоќа ги продолжи блескавите партии и со 2-4 славеше над Барселона на
„Монжуик“.
По крајот на
натпреварот, Чави се пожали на лошата реализација, која во комбинација со
грешките во одбраната, му создаваат главоболки.
„Мечот беше
изедначен, го решија детали. Доколку Барселона победеше вечерва, тоа ќе беше
сосема заслужено“ – вели тренерот на „каталонците“.
„Мислам дека
шутнавме дури 31 пат, се мачиме со слаба ефикасност, а грешките во одбраната само
не дотолчуваат. Дури и во последните мигови кога очајнички се обидувавме, имавме
шанса за 3-3“.
Статистиката на
Опта за вчерашниот натпревар (го анализира секој напад и колку тој е опасен) вели
дека Барселона креирала доволно шанси за да постигне 4,06 погодоци против Жирона.
Според оваа
статистика на Опта, „каталонците“ се единствениот тим од првите четири во Ла
Лига со негативно салдо, односно имаат -4,9 очекувани голови, додека пак Жирона
има +7,4, Реал Мадрид има +5, а Атлетико +4,3. Тоа значи дека нивните ривали ја
тресат мрежата и кога се мачат пред противничкиот гол.
„Ова е голем
удар, бидејќи имавме големи надежи во пресрет на натпреварот, очекувавме да
имаме бод негатива во однос на Жирона, и два во однос на Реал Мадрид“ –
продолжи Чави.
„Но сега имаме
седум зад Жирона и пет зад Реал Мадрид, имаме исто бодови колку Атлетико, тие
имаат и еден натпревар помалку“.
„Ова е нашата
реалност, ова е Барса која се уште се гради. Останувам позитивен, му верувам на
тимот, мораме да продолжиме по овој пат и да не се двоумиме. Мораме да
продолжиме да работиме, нема друга опција. Понекогаш е потребно да направите
чекор назад, за потоа да направите два напред“.
„И минатата
сезона имавме слични порази, но на крајот освоивме две титули“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.