Жирона ја шокираше Барселона на Монжуик и се качи на врвот во Ла Лига! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Малата Жирона не само што нема намера да падне, таа ги изненадува и најдобрите, денеска ја победи Барселона на нејзин терен.

Жирона поведе уште во 12. минута од мечот, а само седум минути подоцна Левандовски го изедначи резултатот на 1-1. На пет минути пред крајот на првото полувреме Гутиерез ја врати предноста на Жирона, овојпат од 2-1.

Во 80. минута Валери зголеми на 3-1 за Жирона, а Гундоган во 91. минута намали на 3-2 и донесе надеж дека Барселона може да се спаси од пораз. Но, наместо тоа, гостите преку Стуани дадоа уште еден гол за победа од 4-2.

По 16 одиграни кола Жирона е на првото место со 41 бода, Реал Мадрид има 39, Атлетико Мадрид и Барселона имаат по 34. Тимот на Симеоне има меч помалку.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×