„Росонерите“
планираат во јануари да ангажираат нов напаѓач, а на врвот на листата со желби
е Серху Гираси од Штутгарт, кој постигна 16 погодоци на 11 натпревари во
Бундеслигата оваа сезона.
Голгетерот е во
бележникот на голем број клубови, па Милан не губи време, главниот скаут Жофри
Монкада веќе остварил контакт со Серху Гираси.
Се верува дека во
неговиот договор има откупна клаузула вредна околу 17,5 милиони евра која се
активира веќе во јануари, па нема потреба да се преговара со Штутгарт, и целиот
фокус е насочен кон разговорите со играчот.
Кориере дело
Спорт открива дека Жофри Монкада неодамна отпатувал во Германија и го убедувал напаѓачот дека Милан е најдобрата дестинација. Контактот помеѓу двете страни ќе продолжи и
во следните недели.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.