Минатото лето,
„росонерите“ не сакаа да слушат за продажба на Раде Круниќ, но само неколку месеци
подоцна, работите се менуваат.
Неколку извори од
Италија пренесуваат дека Милан сега е подготвен да седне на маса со Фенербахче и да
договори преселба на Босанецот во Турција.
Клубот од Сан
Сиро ќе бара околу 10 милиони евра, но се верува дека двете страни ќе најдат
компромис за зделка вредна помеѓу 6 и 8 милиони евра.
Планот е со овие
средства, како и дополнителниот буџет кој ќе биде обезбеден од сопствениците на
клубот, да се купи нов напаѓач.
Џонатан Дејвид од
Лил е прва желба, но неговата цена е малку висока, потребни се околу 40 милиони
евра.
Втора опција е
Серху Гираси од Штутгарт, кој на почетокот од оваа сезона игра во одлична
голгетерска форма и може да биде ангажиран за околу 18 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.