Баерн го потврди трансферот на Брајан Сарагоса и ги објасни главните адути на младиот Шпанец

by
1 минути читање

Откако вчера
вечерта се појавија информации за изненадувачки трансфер на Брајан Сарагоса во
Баерн Минхен, попладнево пристигна и официјална потврда на зделката вредна
околу 15 милиони евра.

„Брајан Сарагоса
ќе му се придружи на Баерн Минхен во сезоната 2024/25, постигнавме договор со
Гранада. 22 годишниот репрезентативец на Шпанија ќе стави потпис на петгодишен
договор со трајност до 30. јуни 2029“
– гласеше известувањето на клубот од „Алијанц“

Спортскиот
директор Кристоф Фројнд ја образложи зделката и рече: „Брајан Сарагоса е
експлозивно, многу брзо и екстремно пргаво крило, кое може да игра по двете
страни. Тој е непредвидлив, умее да постигне гол и многу добар во ситуациите
еден на еден. Дебитираше и во дресот на Шпанија, има огромен потенцијал“.

„Брајан е идна ѕвезда
и подолго време беше на нашиот радар. Ќе ги зголеми нашите опции во
офанзивата“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×