Ново признание за
Лео Меси, напаѓачот е прогласен за спортист на годината во изборот на магазинот
„Тајм“.
Аргентинецот се
најде на врвот откако ги предводеше „гаучосите“ до триумф на мундијалот во
Катар, а потоа предизвика фудбалска манија во САД со својот трансфер во Интер
Мајами.
Во оваа прилика,
Лео Меси го образложи и својот избор за авантура во МЛС.
„За среќа имав
неколку интересни предлози, ги анализирав заедно со семејството и на крајот
донесов одлука да се преселам во Мајами“ – вели напаѓачот.
„Моја прва опција
беше да се вратам во Барселона, но тоа не беше возможно. Се обидов, но на
крајот ништо не се случи“.
„Вистина е дека
размислував за преселба во Саудиска Арабија, ја познавам земјата, креираа моќно
првенство кое во блиска иднина може да стане едно од најдобрите. Амбасадор за
туризам сум на оваа земја, па бев привлечен од дестинацијата, уживав во сите места
кои ги посетив. Исто така фудбалот таму бележи голем прогрес, и државата
вложува големи напори да создадат врвно натпреварување“.
„Изборот беше помеѓу
Саудиска Арабија и МЛС, двете опции беа прилично интересни“.
Lionel Messi is TIME’s 2023 Athlete of the Year https://t.co/qPR75Hgt6f pic.twitter.com/EXqxl08lZN
— TIME (@TIME) December 5, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.