Белингем продолжува да игра и покрај тоа што има повреда на рамото од почетокот на ноември. Англичанецот е најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, а и покрај неговата младост полека се промовира во лидер на тимот.
Поради повредата, Белингем го пропушти мечот против Валенсија и дуелите на Англија со Малта и Македонија. Но, проблемот со рамото не е решен со конзервативен метод и се верува дека ќе биде потребна операција.
Реал Мадрид и Белингем треба да решат кога ќе биде извршена операцијата.
По крајот на сезоната веројатно не е опција бидејќи има Европско првенство на кое Белингем ќе сака да игра.
Англичанецот со специјална заштита играше на натпреварите против Кадиз и Наполи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.