Малдини „удри“ по раководството на Милан: Не ви се потребни алгоритми и „манибол“ за да ги купите Пулишиќ, Лофтус Чик и Чуквуезе

by
1 минути читање

Паоло Малдини
како спортски директор беше клучен за креирање на успешен тим со малку пари, но
и покрај тоа, сопственикот Гери Кардинале се реши да оди во друг правец, па му
врачи отказ на легендата на „росонерите“ и неговата десна рака, Рики Масара.

За настапот на
летниот преоден рок, Гери Кардинале и неговите соработници користеа алгоритми и
„манибол“ стратегија за засилување на тимот.

Во разговор со
Република, Паоло Малдини реши да си ја отвори душата и да упати серија критики.

„Не ви се
потребни алгоритми и „манибол“ за да ги купите Пулишиќ, Лофтус Чик и Чуквуезе“

вели Паоло Малдини.

„Фурлани (генералниот извршен директор на Милан) ми
кажа дека ќе располагаме со мал буџет оаа сезона, но по моето заминување,
буџетот стана двојно поголем“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×