Мурињо „распали“ по фудбалерите на Рома и ги нарече површни, особено издвои едно име

by
1 минути читање

Рома си го
закомпликува животот откако одигра 1-1 на гостувањето кај Сервет, резултат кој
драстично им ги намали шансите за првото место во групата, па за место во нок-аут
фазата во Лига Европа ќе треба да играат плеј-оф натпревар со третопласиран тим
во Лигата на шампиони.

„Волчицата“
поведе на средината од првиот дел со голот на Лукаку, но по пет минути игра во
второто полувреме, Бедија изедначи на 1-1.

„Жал ми е што
немате камера во соблекувалната на полувреме, бидејќи секогаш јасно до знаење
им ставам на моите фудбалери дека противникот, кој игра дома и има гол
негатива, ќе излезе на теренот спремен за борба. Тоа е сосема нормална
реакција, и треба да го очекуваме тоа“
– вели „специјалниот“.

„Но и покрај тоа,
повторно бевме површни. Има играчи кои уште еднаш испуштија шанса да се докажат,
на пример Ауар“.

„Има неколку
играчи кои се на клупа и кога ќе добијат прилика во Серија А покажуваат одличен
пристап, но во Лига Европа, како да ги мрзи да играат па нема никакво подобрување
во нашата игра кога тие ќе влезат“.

Тренерот на Рома
потоа додаде: „Не е драма тоа што ќе играме плеј-оф, драма е што овие играчи
имаат погрешен пристап и што се летаргични. Искрено не ги разбирам. Сум бил
тренер на преку 150 натпревари во Лигата на шампиони, кои се многу потешки, но и
покрај тоа се чини дека има луѓе кои немаат голем успех во Европа, а на ваквите
натпревари вложуваат минимален напор“.

„Едни го даваат максимумот 90 минути, други
играат со кренат нос“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×