Фирмино не издржа долго во Саудиска Арабија, веќе преговара за враќање во Европа!

by
1 минути читање

По само 14 натпревари одиграни за Ал Ахли, тој почнал да бара начин како да се врати на стариот континтен.

Италијанските медиуми објавија сензационалната вест дека поранешниот напаѓач на Ливерпул е пред преселба во Милан, кој е сериозно заинтересиран за неговите услуги. Фирмино минатото лето ги шокираше сите со одлуката да го напушти Ливерпул и да прејде во Саудиска Арабија како слободен фудбалер.

Миланезите будно ја следат ситуацијата со 32-годишниот Бразилец и се подготвени да го убедат да дојде во градот на модата. Фирмино најдобрите денови во кариерата ги помина во Ливерпул, каде што настапуваше од 2015 година. За „црвените“ одигра 352 натпревари и постигна 107 гола со 78 асистенции. Пред четири години беше шампион на Европа, а пред три години ја освои Премиерлигата.

×