Изминатиов викенд
на програмата во Серија А беше 13. коло, кое ја донесе пресметката помеѓу
Јувентус и Интер, лутите ривали се на чело на табелата и многумина сметаат дека
помеѓу нив ќе се води главната битка за Скудетото.
Мечот во Торино
заврши нерешено со 1-1, а по крајот на „Дербито на Италија“ често се
коментираше спорниот момент при голот на Интер, кога на зачетокот од акцијата
Дармијан го удри Киеза при стартот со кој му ја одзеде топката.
Многумина сметаат
дека требало да има прекршок за Јувентус, односно голот на Интер е нерегуларен,
но со ова не се сложува одговорниот за судиите во Серија А.
„Според мене нема
прекршок, особено ако во предвид се земе критериумот што го наметна судијата.
Марко Гвида одлично ја делеше правдата на комплексен натпревар, па треба да му
се аплаудира“ – вели Џанлука Роки.
„Морам да ги
пофалам и фудбалерите на двата тима, одиграа фер и не креираа проблеми, со тоа
му ја олеснија задачата на судијата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.