Фантастичниот Белингам собори уште еден рекорд на Роналдо, Родриго го предводеше Реал до триумф (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Карло Анчелоти беа сигурни на гостувањето кај Кадис и со три бода се враќаат во
Мадрид.

Родриго ги
предводеше „кралевите“ до нова победа. Бразилецот го отвори резултатот во 14.
минута, со доста среќа си направи простор за удар и биеше неодбранливо за 0-1.

По
дваесет минути игра во вториот дел, Родриго доби топка од Модриќ во една
контра, убаво излета неколку противници и рутински реализираше за 2-0.

Во 74. минута,
Родриго му асистираше на Белингам за конечни 0-3 и нова историја.

Англичанецот со
овој погодок стигна до бројката од 14 голови на првите 15 натпревари во белиот
дрес и го надмина постигнувањето на Роналдо и Ди Стефано, кои имаат по 13
голови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×