Салерно се израдува на првата победа и тоа против Лацио! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тимот предводен од Пипи Инзаги конечно се израдува на триумф. Салернитана го победи Лацио со пресврт во второто полувреме.

Во самиот финиш од првиот дел, Лацио поведе со гол на Имобиле од пенал. Во тие моменти се чинеше дека тимот од Салерно го очекува ново разочарување.

Но, момците на Инзаги се кренаа во вториот дел и дојдоа до триумф кој носи надеж за опстанок.

Во 55. минута Кастањос реализираше за израмнување на 1-1, а десет минути подоцна Кандрева му даде гол на својот поранешен клуб за победа на Салернитана од 2-1. Тоа беше фантастичен погодок со силен удар од далечина.

Салернитана остана на последното место, но сега е значително поблиску до останатите, има само два бода помалку од 17. Емполи кој е прв над зоната за испаѓање.

Лацио е на 10. место, а во зависност од другите резултати ова коло, може да падне за уште некоја позиција.

Прекрасниот погодок на Кандрева може да го видите на овој ЛИНК.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×