403
Невообичаено е тренер да не направи замена во тек на меч, особено кога води тим како Баерн Минхен кој има широк ростер.
Во очи на германските новинари посебно падна тоа што Милер не влезе. Искусниот фудбалер е во дилема дали да остане или да си замине од Баерн Минхен, а останувањето на клупата само создава дополнително незадоволство кај него.
„Продолжувам да мислам за тоа како можам да го користам Томас во натпреварот“, вели Тухел.
„Не направив замена, не сакав да го нарушам ритамот. Тоа обично не се случува, па им се извинувам на момците кои беа на клупата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.