Рамсдејл ќе брани против Брентфорд, само поради една клаузула во договорот на Раја со Арсенал!

by
1 минути читање

Микел Артета потврди дека Арон Рамсдејл ќе биде стартер на мечот меѓу Брентфорд и Арсенал кој се игра утре со почеток од 18:30 часот.

Причината е што Раја е позајмен токму од Брентфорд, а во договорот меѓу двата клуба, има клаузула која вели дека тој не смее да брани против нив.

Рамсдејл последен пат беше стартер за Арсенал во Премиерлигата на 3 септември против Манчестер јунајтед.

Што се однесува до Раја, Арсенал следното лето планира да ја активира опцијата за целосен откуп за сума од 27 милиони фунти.

×