Кунде: Имаме премногу натпревари, опасно е, има сѐ повеќе повреди!

by
1 минути читање

Се чини дека оваа сезона е зголемен бројот на повредени фудбалери, само неколку се повредија за време на натпреварите за репрезентациите.

Кунде го крена гласот на оваа тема и се пожали на густиот распоред.

„Има премногу натпревари. Темпото стана се повеќе и повеќе интензивно, има премногу повреди“, вели Кунде.

„Ние одиме во ритам кој станува се поопасен и поопасен. Има се повеќе и повеќе повреди“.

„Тоа што ме загрижува е кога се прават анализите, луѓето велат дека и претходно сме играле многу натпревари. Дури тоа и да е точно, не значи дека претходно било добро“.


×