Меси го зграпчи Родриго за врат и му порача: Не сме кукавици, ние сме Светски шампиони! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот
помеѓу Бразил и Аргентина на „Маракана“ донесе многу немили сцени и инциденти
на трибините.

Почетокот на
мечот беше одложен откако Лео Меси им нареди на своите соиграчи да се повлечат
во соблекувалната откако полицијата удри по гостинските навивачи.

Кога „Гаучосите“
повторно истрчаа на теренот, Родриго имаше нешто да му каже на Де Паул, а во
разговорот се вмеша и Лео Меси, кој во еден момент го зграпчи за врат играчот
на Реал Мадрид.

ТиК Спортс објави
дека Родриго им рекол на Аргентинците дека се кукавици поради тоа што се
заканувале дека нема да се одигра натпреварот.

На ова, Лео Меси
одговорил: „Не сме кукавици, ние сме Светски шампиони! Внимавај што зборуваш“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани