Аргентина испиша историја, Бразил првпат загуби квалификациски меч на свој терен! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На натпреварот му претходеше голем инцидент на трибините поради кој мечот доцнеше половина час.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Отаменди во 63. минута, тој погоди со глава по асистенција од Ло Селсо.

Бразил последните десет минути ги одигра со фудбалер помалку откако Жоелинтон во 81. минута заработи црвен картон поради остар старт.

Во другите натпревари од квалификациите за СП во Јужна Америка, Уругвај со 3-0 славеше над Боловија, два гола беа дело на Дарвин Нуњез. Колумбија со 1-0 победи на гостувањето кај Парагвај, со истиот резултат Еквадор на свој терен беше подобар од Чиле, Перу и Венецуела одиграа нерешено 1-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани