Дали Украина требаше да добие пенал во 93. минута против Италија? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Италија избори пласман на Европското првенство откако одигра 0-0 против Украина, но ќе беше поинаку доколку во 93. минута беше досуден пенал за Украинците.

Судијата сметаше дека Мудрик одглумил и не досуди пенал, не реагираше ниту ВАР. Украинците беа бесни.

„Мислам дека беше пенал, но има судија и ВАР, ние не сме тие кои одлучуваат. Според мене тоа беше пенал. ВАР не го повика судијата да ја види снимката“, рече селекторот на Украина, Ребров по мечот.

Ако Украина победеше, тие ќе одеа на Европско, Италија ќе беше елиминирана.

×