Лутите ривали ќе водат битка и на трансфер пазарот, Интер и Јувентус ќе наддаваат за тројца фудбалери

by
1 минути читање

По 12 кола во
Серија А, Интер и Јувентус се одвоија на табелата, па „Дербито на Италија“ во
недела привлекува огромно внимание.

Во пресрет на натпреварот,
Газета дело Спорт пишува како во следните месеци двата ривали ќе водат битка и
на трансфер пазарот.

Во бележникот на
двата клуба се три имиња кои ги одработуваат последните месеци од своите
договори и би можеле да пристигнат беспари, или за мали суми во јануари.

Станува збор за
Пјотр Зелински од Наполи, Тиаго Џало од Лил и Лојд Кели од Борнмут.

Директорот на
Интер, Бепе Марота е во постојан контакт со агентите на овие играчи и се надева
дека ќе успее да го надмудри својот колега од таборот на Јувентус, Кристијано Џунтоли.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×