Првите тестови за повредата на Гави не се добри, Барса е загрижена!

by
0 минути читање

Гави во 25. минута излезе од теренот со солзи во очите откако го повреди коленото на мечот со Грузија.

Информациите од Шпанската фудбалска федерација велат дека првичните тестови кои биле направени веднаш, покажале голема повреда на десното колено.

Во наредните 24 часа ќе бидат направени нови тестови по кои ќе има детални информации за повредата.

Барселона стравува дека се работи за повреда на лигаментите, а тоа може да значи крај на сезоната за Гави.

×