Србија се пласираше на Европско првенство!

by
1 минути читање

На Србија ѝ беше потребен бод за пласман на Европското првенство, до него и дојде откако дома одигра 2-2 против Бугарија.

Србите водеа со гол на Вељковиќ од 17. минута, но Бугарите направија пресврт во вториот дел со погодоци на Русев и Десподов во 59. и 69. минута.

Во 82. минута Бабиќ погоди за конечни 2-2.

Во оваа група се одигра и мечот меѓу Унгарија и Црна Гора кој го добија домаќините со 3-1.

Унгарија заврши на првото место со 18 бодови, втора е Србија со 14, следуваат Црна Гора со 11, Литванија со 6 и Бугарија со 4.

×