Франција немаше милост против Гибралтар, избраниците на Дешам вечерва ја наполнија мрежата на противникот и испишаа историја.
„Триколорите“ моќно го отворија мечот и веќе имаа 3-0 по 15-тина минути игра, Сантош си постигна автогол а во листата на стрелци се запишаа Турам и Заире Емери.
Мбапе по половина час игра зголеми на 4-0, а до крајот на првото полувреме, домаќините стигнаа до 7-0 преку Клаус, Коман и Фофана.
Продолжението од мечот не беше ништо полесно за гостите, кои играа и со играч помалку откако несреќниот Сантош доби црвен.
Рабио донесе 8-0, а кратко потоа и Коман погоди за 9-0. Дембеле зголеми на 10-0, веќе во следната минута беше 11-0 со вториот гол на Мбапе.
Мбапе во 82. минута стигна до хет-трик за 12-0, за во завршницата Жиру да ја затресе мрежата во два наврати за 14-0.
Ова е најголемата победа во историјата на Франција, и најголемата во европските квалификации, падна постигнувањето на Германија против Сан Марино во 2006, кога „панцерите“ триумфираа со 13-0.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.