Велс киксна во Ерменија, сега Хрватска ја има судбината во свои раце!

by
1 минути читање

Ерменија поведе уште во петтата минута со гол на Заларајан, Велс изедначи со автогол на Тикнизијан во судиското продолжение од првото полувреме. 1-1 беше и конечен резултат на мечот.

Овој резултат значи дека Хрватска со победа вечерва над Летонија и во последното коло над Ерменија ќе биде на второто место и ќе избори пласман на Европското првенство.

Доколку Велс победеше денеска во Ерменија и во последното коло со Турција, тие ќе одеа во Германија, а не Хрватите.

Сега Хрватите сами решаваат за својата судбина.

×