Џердан Шаќири е еден од фудбалерите на Швајцарија кој е во неблагодарна позиција, вечерва ќе треба да го елиминира неговото Косово за со Швајцарците да се пласира на Европското првенство.
Шаќири е роден во Косово, па ова за него ќе биде посебен меч, но тој вели дека ќе се радува ако даде гол.
„Сакам Швајцарија да победи пред нашите навивачи иако е ова посебен натпревар за мене. Секако дека ќе се радувам доколку дадам гол, без разлика што играм против Косово. Нема да претерувам во радоста поради почит кон Косово, но нормално дека ќе се радувам“, изјави Шаќири.
Мечот меѓу Швајцарија и Косово се игра вечерва со почеток од 20:45 часот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.