Правилото на Венгер за офсајд ќе почне да се применува од наредната сезона!? (ФОТО)

by
1 минути читање

Пред извесен период Венгер претстави предлог правило за офсајд според кое ќе има сериозно влијание врз фудбалот.

Според новото правило, офсајд е кога фудбалерот од тимот кој напаѓа со целото тело ќе биде пред противничкиот играч. 

Многумина со воодушевување ја прифатија оваа идеја која веќе е тестирана. А, според „Марка“ од следната сезона би можела да почне да се променува.

На почетокот од следната година, идејата ќе биде разгледана од ИФАБ (телото кое ги носи фудбалските правила) и доколку предлогот добие зелено светло, тој ќе почне да се применува.

Се верува дека новото правило за офсајд ќе донесе поофанзивен и поефикасен фудбал.

×