Челси и Манчестер Сити ќе добијат трипати поголеми казни од Евертон?

by
1 минути читање

Евертон беше првиот клуб на кој му беше изречена казна, му беа одземени десет бодови. 

Според „Тајмс“, Манчестер Сити и Челси ќе бидат казнети со одземање на 30 бодови. Против двата клуба се поднесени преку 100 обвиненија за прекршување на правилата на финансискиот фер-плеј.

Некои сметаат дека и 30 бодови е малку, ако се знае дека Евертон со едно обвинение заработи казна од 10 бодови минус. Но, казната ќе зависи и од тежината на обвиненијата, не само од нивниот број.

Некои тврдат дека можно е на Манчестер Сити да му биде одземена и некоја шампионска титула од Премиерлигата, но тоа е малку веројатно.

×