Киеза: Македонија не заслужи да ни даде два гола!

by
1 минути читање

Киеза поради повреда не играше на мечот во Скопје, а вечерва на Олимпико покажа колку е важен за италијанската репрезентација.

Тој ни даде два гола во финишот од првото полувреме и практично го реши победникот на овој меч иако во второто полувреме успеавме со два гола на Атанасов да внесеме немир во италијанските редови.

Киеза смета дека Македонија не заслужила да постигна два гола на денешниот меч.

„Најважно е што победивме. За жал примивме два гола кој мислам дека не заслуживме да ги примиме. Сега ќе се бориме во директен дуел против Украина за пласман на Европското првенство“, вели Киеза.

„Со овој тренер играме понапаѓачки, а тоа значи дека ризикуваме да примиме и голови. Како и да е, покажавме дека сакаме да доминираме на овој меч и ја заслуживме победата“.


×