207
Неофицијалните информации велат дека договорот веќе е потпишан, а според него во наредните десет години ФИФА од Арамко ќе добива по 84 милиони долари. Тоа значи дека вкупната сума од договорот е фантастични 840 милиони долари.
Саудиска Арабија ја доби огранизацијата на Светското првенство во 2034 година, па спонзорскиот договор за кој сега се пишува е посочен како корупција.
Последните податоци велат дека Арамко е третата највредна компанија во светот во моментов. „Тајмс“ пишува дека тие од врвот ќе ги симнат Виза и Кока Кола како главни спонзори на ФИФА. Наскоро се очекува договорот и официјално да биде објавен.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.