Словачка го завери пласманот на ЕП, Роналдо даде гол за Португалија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Словачка е нов патник на Европското првенство, Словаците вечерва ја остварија целта победувајќи го Исланд со 4-2.

Со тоа ги урнаа сите шанси на Луксембург кој исто така беше во игра, нивната победа од 4-1 над Босна и Херцеговина нема резултатско значење, но и тоа како е голема.

Португалија со 2-0 победи на гостувањето кај Лихтенштајн, а еден од погодоците беше дело на Кристијано Роналдо. Вториот гол го даде Кансело.

Црна Гора со голови на Куч и Јоветиќ ја совлада Литванија со 2-0, но нивната победа беше пирова со оглед на тоа што претходно Унгарија освои бод против Бугарија и тие одат на ЕП.

×