Киеза: Мора да ја победиме Македонија, ние сме Италија!

by
1 минути читање

Утрешниот натпревар против Македонија е од големо значење за Италија, која со Украина се бори за втората позиција на табелата.

На Италијанците не им оди со нас. Ние ги сопревме на патот кон Светското првенство откако ги победивме во Палермо, а дуелот од овие квалификации во Скопје заврши нерешено 1-1.

Тие два меча се опомена за нив дека мора да го дадат максимумот за да ја победат Македонија.

„Кога сте во националниот тим, со себе носите огромна одговорност, утрешниот меч против Македонија ќе биде фундаментален за нас. Многу сум среќен што сум тука, за жал не можев да играм на претходните натпревари, но сега сум среќен што ќе можам утре да му помогнам на тимот“, вели Киеза.

„Мора да се квалификуваме, ние сме Италија. Јасно ни е дека постои шанса за неуспех, како тој во Палермо, па мора да излеземе на теренот свесни дека за тоа. Овојпат сакаме да биде поинаку и да ја оствариме целта“.


×