Специја минатата сезона испадна во Серија Б откако загуби од Верона во плеј-аутот. Навивачите од овој тим се надеваа на експресно враќање во Серија А, но резултатите не се одвиваат според планот.
Специја во моментов е на 18. место во Серија Б, од 13 натпревари освои само 10 бода со една победа и седум нерешени.
Тренерот Масимилијано Алвини кој беше назначен во јуни, беше отпуштен од клубот во средата и заменет со Лука Д’Анџело.
Но, тренерската промена не ги задоволи фановите кои продолжија да протестираат. Денеска пред седиштето на клубот тие поставија банер на кој пишува „Времето истече“, а пред него свинска глава.
На мечот против Тернана кој се играше минатиот викенд, дел од фановите на Специја се обиделе да стигнат до ложата на стадионот и да зборуваат директно со раководството.
„Овие активности не можат да бидат сторени од вистински фанови на Специја, тие зборуваат сами за себе. Нема што повеќе да додадам, ние сме отворени за конструктивни критики и секогаш слободни за дискусија со оние кои ја сакаат Специја“, изјави извршниот директор на клубот, Андреа Гацоли по настанот со свинската глава.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.