Историја во Бундеслигата, Унион Берлин ја има првата жена во стручниот штаб

by
1 минути читање

Унион Берлин синоќа му даде отказ на тренерот Урс Фишер кој минатата сезона им донесе најголем успех со пласманот во Лигата на шампионите, но сега се заковани на дното, па промената беше неопходна.

За привремен тренер е назначен Марко Гроте кој досега работеше со екипата до 19 години, а прв асистент ќе му биде Мари Луиз Ета.

Со овој потег е испишана историја во Бундеслигата, Мари Луиз Ета е првата жена која ќе биде во стручен штаб на еден тим од Бундеслигата.

Таа е поранешна фудбалерка која имаше успешна кариера, во 2010 со Турбине Потсдам дојде и до трофејот од Лигата на шампионите. Кариерата ја заврши на 26 години, а сега, шест години подоцна добива улога на асистент тренер во Унион Берлин.

Ета му беше асистентка на Гроте во тимот на У19, па кога тој ја прифати улогата да биде прв тренер на Унион Берлин, од управата побара таа со него да биде префрлена во првиот тим.

×