Мурињо би го продолжил договорот со Рома

by
1 минути читање

Рома имаше лош старт на сезоната, но успеа да се консолидира и сега е на само три бода до четвртата позиција во Серија А.

Актуелниот договор на Мурињо со Рома истекува по крајот на оваа сезона, па тој се поврзува и со други клубови.

Според „Калчомеркато“, Мурињо би сакал да продолжи во Рома. Тој го сака градот, клубот и фановите.

Но, засега нема знаци од раководството на клубот дека ќе му понудат продолжување на соработката. 

Веројатно сакаат да почекаат уште некое време, да видат како ќе се одвива сезоната, какви ќе бидат резултатите па ќе донесат одлука.

Во меѓувреме се шпекулира дека при евентуално заминување на Мурињо, кандидати за нов тренер на Рома се Антонио Конте и Тиаго Мота.

×