Флоренци од Милан е под истрага за обложување на фудбалски натпревари!

by
0 минути читање

По Фаџоли и Тонали, Алесандро Флоренци може да биде третиот фудбалер кој ќе заработи суспензија поради обложување.

Тој е новиот фудбалер од Италија кој е под истрага на обвинителот од Торино за обложување на фудбалски натпревари.

Фудбалерот на Милан ќе биде испрашуван во наредните денови. Од агенцијата објавуваат дека Флоренци ќе се брани како и Заниоло претходно, ќе тврди дека играл само покер и блек џек на нелегални платформи, а не се обложувал на фудбал.

×