Мурињо се враќа во Премиерлигата?

by
1 минути читање

Од Англија доаѓаат гласините дека Њукасл посакува да го ангажира Жозе Мурињо по завршувањето на оваа сезона.

Еди Хау би ја одработел сезонава до крајот, а потоа на негово место би пристигнал Жозе Мурињо.

Њукасл е клуб кој е во налет, има богати сопственици кои ќе му понудат и сериозен трансфер буџет на Португалецот.

Доколку ваквите гласини станат реалност, Њукасл би бил четвртиот клуб од Англија на Мурињо, тој претходно работеше во Челси, Манчестер јунајтед и Тотнем.

Покрај Њукасл, Мурињо се поврзува и со заминување во Саудиска Арабија од каде и минатото лето имаше понуди со кои можеше да стане најплатен тренер во историјата на фудбалот.

×