Ѕвездата на Наполи за предлогот од Саудиска Арабија: Колку повеќе велев НЕ, тие нудеа повеќе пари!

by
1 минути читање

Нигериецот
минатата сезона ја заврши со 26 погодока во Серија А и го предводеше Наполи до
историско Скудето, па летото имаше голем интерес за неговите услуги.

Најсериозно
загризаа клубовите од Саудиска Арабија, се шпекулираше дека Ал Хилал е подготвен
да плати околу 200 милиони евра за да го купи напаѓачот, но првиот човек на
Наполи, Аурелио Де Лаурентис одби да ја продаде својата ѕвезда.

„Имаше доста
вистина во работите кои се пишуваа“
– вели Виктор Осимен.

„Морам да бидам
искрен, никогаш не размислував за заминување бидејќи Наполи сакаше да ме
задржи, но кога пристигна понудата од Саудиска Арабија, огромна понуда, беше
тешко да се одбие. Разговарав со Наполи и заедно одлучивме дека останувам“.

„Беше лудо..
Колку повеќе велев НЕ, тие нудеа повеќе пари. Ќе ми се променеше животот. Не
сакаа да се откажат, но им кажав, „момци, останувам““. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×